Насловна / Архитектура / Manga – Vila Santa Thereza – објект со пасивна одржливост

Manga – Vila Santa Thereza – објект со пасивна одржливост

Manga – Vila Santa Thereza е објект изграден во 2019 година, а е проект на архитект Лаурент Трост. Станува збор за објект со 12 апартмани од различни типови, од кои три се студија, а останатите девет апартмани се со по една, две или три спални соби.

1 (8)

Создавањето два блока од два стана по кат било одлука заснована на почитување на типологиите на соседството кои го вреднуваат дворот со дрвја, како и на важноста на празнината како елемент на топлинска изолација. На најизложените делови на сонце (Исток и Запад) е поставена метална решетка што ја филтрира светлината.

1 (7)

Имајќи го предвид потеклото на ветровите што преовладуваат во регионот, намалената ширина на блоковите како и дизајнот на отворите на секоја фасада се планирани за да се гарантира вкрстена вентилација во сите простори. Овие карактеристики на пасивна одржливост на зградата овозможуваат побарувачката за потрошувачка на енергија на секоја станбена единица да биде далеку под локалниот просек.

1 (6)

Бидејќи се наоѓа во една од повисоките точки на градот и затоа што има прозорци од подот до таванот, сите апартмани имаат поглед на улицата и блиската населба, но и на далечниот Рио Негро, симбол на Амазон. Накратко, објектот Вила Санта Тереза ​​се обидува да претстави услови на пасивна одржливост и идентични просторни квалитети за сите единици со цел да се постигне социјална еднаквост.

1 (5)

1 (4)

1 (3)

1 (2)

1 (1)

1 (9)

АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Scroll To Top