Насловна / Архитектура / Малите архитекти од Кипарх ќе изградат лавиринт од 450 бали слама

Малите архитекти од Кипарх ќе изградат лавиринт од 450 бали слама

Летната архитектонска школа за деца Кипарх, отворена е пред пет години во Белград со цел да се поттикне талентот и креативноста кај децата на возраст од 6 до 14 години. Кипарх е огранок на истоимениот концепт што постои во Русија од 2015 година.

1

Предавачите се домашни експерти од областа на архитектурата со долгогодишно искуство во праксата и наставата – доктори на науки и докторанти на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Белград, додека децата ја запознаваат архитектурата преку низа креативни задачи адаптирани на нивната возраст.

Како големо финале на своите овогодинешни активности во Белград, Кипарх сега најавува работилница наречена Hay maze pavilion, која подразбира изведба на лавиринт од бали слама, проект на нивната ученичка Мања Павловиќ, која има 10 години.

3

Награда за одржлив дизајн

Проектот е направен за потребите на конкурсот на Кипарх, кој школата го организира еднаш годишно за ученици на возраст од 9 или повеќе години.

Оваа година темата била Павилјон во уметничкиот парк Никола Лениветс, кој се наоѓа во Калушката област во Русија, а Мања Павловиќ, како автор на проектот и ИДР, ја добила наградата за одржлив дизајн.

2

Жирито било составено од професори од Московскиот архитектонски институт и кустосот на детскиот фестивал што се одржува на таа локација.

Лавиринтот е проектиран од бали слама, природен, еколошки и енергетски одржлив материјал, а по потреба може да се прошири и доградува, што го менува искуството на корисникот со текот на времето.

4

„Оригиналната локација на која е проектиран павилјонот изобилува со трева и жито од кои се формираат бали сено и слама, поради што изградбата и надградбата на павилјонот е возможна без потрошувачка на голема количина на енергија и емисии на загадување преку транспорт на материјали“, објаснуваат од Кипарх.

Сламата на крајот ќе ја изедат коњите

Ѕидовите на лавиринтот се проектирани во различни висини, што го прави погоден за различни возрасни групи. Од ниски, на кои можете да седнете или да ги прескокнете, до високи низ кои се движите како во вистински лавиринт, барајќи излез.

7

Лавиринтот може да биде користен и за потребите на уметнички изложби, благодарение на големата корисна површина на ѕидовите надвор и внатре. Исто така, може лесно да се демонтира и не остава трајни последици на околината и локацијата.

„По демонтажата, сламата може да се користи за други намени. Поточно, се договоривме да ја донираме сламата на спортското здружение „Тринити“, кое ќе ја користи за исхрана на коњите. На овој начин ја реализираме и одржливата компонента на овој проект“ – велат од белградскиот огранок на школата.

5

За изградба ќе бидат употребени 450 бали слама, а самиот павилјон ќе биде со димензии 14 x 9,5 метри. Вкупната тежина на павилјонот ќе биде околу 7,5 тони.

„По изградбата, павилјонот ќе остане на локацијата уште неколку дена, во зависност од временските услови. Покрај функцијата на лавиринт, ќе се користи и како привремена изложба на проекти на нашите ученици“, додаваат од Кипарх.

6

Изградба на лавиринтот на 27. август

Овогодинешната програма на летната школа за архитектура конципирана е преку четири работилници составени од теоретски и практични делови), додека работилницата Hay Maze Pavilion (27 август) ќе претставува практичната примена на стекнатото знаење на локација, во симулирани услови на градилиштето на Белградскиот хиподром.

Целта на оваа работилница е запознавање со процесот на изведување на архитектонски проект, безбедност при работа и обележување на градилиштето, како и разбирање на архитектурата како целосен процес од идеја до реализација, преку изградба на лавиринт од бали слама.

„Во зависност од временските услови, работилницата Hay maze може да биде презакажана помеѓу 20 и 30 август, за што учесниците ќе бидат навремено известени“ – наведуваат на крајот од Кипарх.

Испрати коментар

Scroll To Top