Насловна / Арт и дизајн / Мајчинство, убавина, младост и смрт

Мајчинство, убавина, младост и смрт

„Пиета“, дело на Микеланџело со недостижна убавина, прекрасно чудо, совршенство… стои на почетокот на творечката ера на големиот уметник.

Во летото 1498 година, на 27 август, склучен е договор во кој еден од потписниците – Јакопо Гали, римски банкар – се обврзал во име на младиот скулптор дека делото кое го нарачал французинот Жан Билер де Лагрол, кардинал на црквата Света Сабина, попознат во тогашниот Рим како кардиналот на Сен Дени, ќе биде направено. За помалку од дванаесет месеци, мермерната скулптура е завршена. Уметникот тогаш имал дваесет и четири години. Животот бил пред него. Од него можеле да се очекуваат највисоки достигнувања. Но, стигнал до врвот. Зборовите на Џорџо Вазари, сликар, архитект и историчар на уметност, сликовито зборуваат за ова – „нека не помисли ниту еден скулптор или еминентен уметник, дека некогаш би можел да го достигне ова дело во поглед на цртање или грациозност, ниту пак дека некогаш би можел да направи мермер со таква префинетост, чистота и со толку многу вештина…, бидејќи во тој дел се согледува целата вредност и моќта на уметноста “

pi_resize

Испрати коментар

Scroll To Top