Насловна / Арт и дизајн / Maison&Objet во Париз: Спој меѓу фините занаети и технологијата

Maison&Objet во Париз: Спој меѓу фините занаети и технологијата

Веќе 25 години, саемот Мезон е Обже (Maison&Objet), со своите двегодишни изданија, ја спојува креативната енергија на дизајнерите и брендовите во Градот на Светлината и ја обединува меѓународната заедница за дизајн, декор на домот и начин на живот.

Неговата основна цел е да го претстави најдоброто од областа на дизајнот, да овозможи инспирација, да генерира бизнис-релации и да открие нови таленти, но пред сè да ги истакне новите трендови на полето на дизајнот и внатрешното уредување.

BOHO SETTING_resize

Поставено под темата „Нов луксуз“, последното издание на Мезон е Обже (Maison&Objet), се одржа од 24 до 28 март 2022 година, во Парк десекспозисион д’Пари (Parc des Expositions de Paris).

IMG_7630_resize

„Нов луксуз“ означува спој меѓу фините занаети и технологијата, при што умешноста на раката доведува до форма на луксуз кој е со една нога во минатото, а со другата во иднината.

Во визионерскиот дизајнерски свет, дизајнерите развиваат материјали рака под рака со физичарите, вградувајќи нишки од свила, бакар и LED во ткаенини и создаваат ексклузивни предмети.

IMG_7697_resize plates_resize

Во седум саемски хали и на придружниот настан „Мезон е обже ин де Сити“ (маршрута во Париз на која беа прикажани речиси 90 престижни салони), саемот успешно ја обедини целата индустрија со претставување на внимателно курирани брендови кои прикажаа нови производи кои вреди да се забележат.

Ова издание на саемот привлече 51.656 посетители од 136 нации и 1.811 брендови од 53 земји.

И оваа година Мезон е Обже (Maison&Objet), потврди дека саемот останува место за споделување уникатни искуства и незаборавни моменти.

La culliera_resize taiwan_resize

Во рамки на ова издание на саемот особено беа атрактивни деловите наречени  „Што е ново?“, трендовски простори дизајнирани/курирани од Елизабет Лериш, Франсоа Бернар, Франсоа Делкруа (Elizabeth Leriche, François Bernard, François Delclaux) и, за прв пат, Жулиа Рузо (Julia Rouzaud), основач на ГудМудз (GoodMoods), каде внимателно одбраната селекција од брендови кои беа регистрирани на платформата и се изложуваат на овогодинешното издание на Мезон е Обже (Maison&Objet), им беа претставени на посетителите на иновативен и инспиративен начин.

Ова беше начин и за оние кои сè уште не беа подготвени да се приклучат на саемот да бидат забележани од целната публика.

BROSTE M&O 2022_resize GREEN PETITION_resize

Покрај „Што е ново?“ посетителите и учесниците можеа да уживаат во ексклузивните делови со исклучителен дизајн како Бич Клаб (Beach Club) дизајниран од Тристан Оер (Tristan Auer) за Мираж Фрер (Mariage Frères), да ги вкусат печените моркови на инстаграм-ѕвездата, младиот париски шеф Жилиен Себаг (Julien Sebbag), кој самиот го надгледуваше поставувањето на чиниите во декор на седумдесеттите курирани од архитектот Жилиен Себан (Julien Sebban) Акронија (Uchronia), и  да ручаат во ресторанот „Ла Куијер“ (‘La cuillière’), спој на две креативни сили – познатата италијанска архитектка, дизајнерка и уметнички директор Паола Навоне (Paola Navone) и архитектот Даниел Розензтрох (Daniel Rozensztroch). Главната атракција на овој ресторан беше фантастичната музејска колекција на лажици од различни делови на светот и различни епохи, или како што двајцата уметници споделија „го делат истиот вкус за популарни предмети што имаат историја“.

IMG_7521_resize

IMG_7522_resize

За крај секој можеше да направи медитативна пауза во извонредната инсталација од меѓународниот уметнички колектив ТимЛаб. Инсталацијата имаше простор исполнет со блескави јајцевидни форми наречени резонантни микрокосмоси на животот, кои сјаат и резонираат кога луѓето ќе ги турнат.

masa_resize

На секое свое издание  Мезон е Обже (Maison&Objet), именува дизајнер на годината, славејќи ја работата на најистакнатите таленти на меѓународната сцена за дизајн и декорација. Бидејќи не можеше да ја претстави својата инсталација при добивањето на признанието во септември 2020 година, Френклин Ази зазема централно место на ова издание со извонредното истражување на неговиот креативен процес наречено Ретро Футур (Retro Futur).

pop up bar_resize

Ретро Футур  е уметничка инсталација која ги истражува креативните процеси на иднината користејќи алатки од минатото, повторувајќи го начинот на кој Френклин Ази ѝ пристапува на својата работа како архитект.

teamLab_resize

Со сите сетила кои беа поттикнати од ова издание, Мезон е Обже (Maison&Objet), ветува дека повторно ќе продолжи да инспирира. Во следното, есенско издание споделено со Неделата на дизајн во Париз, програмата ќе биде засилена со нов проект наречен „Иднината на сцена“, посветен на извонредните нови компании вредни за забележување со нивните иновации. Во откривањето нови таленти една од клучните мисии на Мезон е Обже, по  претставувањето на шест јапонски дизајнери и еден јапонски занаетчија, наградите за таленти во подем ќе се фокусираат на Холандија.

Автор: Јана АЦЕВСКА, дизајнер

(Специјално за Порта 3 од Париз)

IMG_7964_resize

keramika_resize

vazni_resize

Une-ambiance-ethnique-chic_resize

LUSTERI_resize

IMG_7682_resize

De-jolis-bols_resize

IMG_7614_resize

organic living_resize

platna_resize

beach club_resize

Испрати коментар

Scroll To Top