Насловна / Архитектура / MAD проектира терминал налик на пердув за аеродром во Кина

MAD проектира терминал налик на пердув за аеродром во Кина

Лебдечки пердув е визуелна референца за аеродромскиот терминал што кинеското архитектонско биро MAD го проектира во градот Чангчун, провинцијата Џилин, Кина.

Терминалот 3 на меѓународниот аеродром Changchun Longjia ќе има карактеристична форма во облик на вентилатор, која е наменета да личи на „пердув што лебди на ветре“.

2

Откако ќе биде завршена, зградата ќе има површина од 270.000 квадратни метри и ќе стане најголемиот терминал за воздушен сообраќај во провинцијата Џилин – кој може да прими 22 милиони патници годишно.

Сепак, и покрај нејзината големина, MAD ја проектирал формата налик на пердув за да создаде лесни, воздушни ентериери со цел луѓето во зградата да се чувствуваат сразмерно.

1

„Зградата на терминалот е проектирана за да му додаде на аеродромот простор со човечки размери, смиреност и од далечина и од внатре“, велат од бирото.

„Додека посетителите се приближуваат од брзата железничка станица или паркингот, ќе бидат пречекани од единствениот профил на терминалот во облик на вентилатор кој наликува на лебдечки пердув – еден вид наклон на авионите што ќе се полетуваат и слетуваат од терминалите во тек на целиот денот.”

3

Проектот, кој вклучува 54 порти за авиони, е победник наконкурс. Го развива MAD во соработка со Институтот за планирање и проектирање аеродроми во Кина и Институтот за архитектонско проектирање од Пекинг.

Неговата карактеристична форма ќе биде поделена на три структури слични на коридор, кои се поврзани со постоечкиот терминал 1 и терминал 2 на аеродромот.

4

Внатре, посетителите ќе ги пречека голема приземна површина што има пристап до други транспортни јазли, вклучувајќи ги и метро станицата и околните патни мрежи.

MAD ќе ја преуреди метро станицата како дел од проектот, обезбедувајќи да биде „беспрекорно интегрирана во централниот простор на терминалната зграда за да се намали бројот на трансфери“.

Природната светлина ќе се пропушта максимално, со кровни прозорци кои наликуваат на пердуви, кои исто така обезбедуваат и многу сончева светлина за внатрешните градини.

6

9

12

10

13

7

8

Испрати коментар

Scroll To Top