Насловна / Архитектура / “MAD Building” од студиото MAD arkitekter

“MAD Building” од студиото MAD arkitekter

MAD Building (8)
Мастерпланот развиен за дистриктот во кој се наоѓа објектот MAD Building, наречен Opera Quarter, претставува резултат на интернационален конкурс одржан во 2003 година, на кој „Баркод“ концептот на архитектонските студија MVRDV, A-lab и DARK Arkitekter бил избран како победничко дело.

Барањата биле волумените да се простираат долж целата локација, да имаат четириаголна форма и да се специфицираат со униформни материјални експресии. Така, се формирал концепт на изградени блокови кои дефинираат надворешна мрежа на јавни пасарели.
MAD Building (9)
Произлезен од претходно наведениот концепт, објектот MAD Buildingе еден од „највитките“ апартмански блокови. Димензиите на оваа 15-катна конструкција изнесуваат 7,8 x 90 метри, а во нејзината најтенка точка, ширината достигнува изненадувачки 6 метри.  Високостандардизираните урбани апартмански простори овозможуваат изложување на природно дневно осветлување и меѓусебна поврзаност во целокупниот контекст.
MAD Building (7) MAD Building (3) MAD Building (4) MAD Building (5) MAD Building (6)
Дизајниран со одмерен хармоничен стил, диригиран од високи предуслови и регулации за одржување на сопствениот квалитет, објектот на уникатен начин целосно се претопува во „баркод“ концептот на дистриктот.
MAD Building (1) MAD Building (2)

Испрати коментар

Scroll To Top