Насловна / Вести / Лулај ме нежно: Прва симулација на земјотрес на кула од масивно дрво (ВИДЕО)

Лулај ме нежно: Прва симулација на земјотрес на кула од масивно дрво (ВИДЕО)

Кога станува збор за сеизмичка отпорност, постојат низа митови кои ја доведуваат во прашање способноста на дрвото да делува соодветно во случај на земјотрес. Меѓутоа, неговата еластичност овозможува пластично да се деформира без да се скрши.

Уште повеќе, за разлика од челикот и бетонот, дрвото е лесен материјал со добар однос цврстина-тежина, што му овозможува добро да ги издржи сеизмичките сили, апсорбирајќи и трошејќи ја енергијата настаната од движење и вибрации.

1

Сето ова досега беше потврдено на помалите дрвени конструкции ширум светот, но сега на ред дојде тест како висока зграда направена од масивно дрво се однесува во случај на земјотрес, а во продолжение погледнете што велат резултатите.

Еколошки одговорна алтернатива

Зградите од масивно дрво, изградени од ламелирано дрво, се сè почести во градовите ширум светот бидејќи се сметаат за еколошки одговорна алтернатива на бетонските и челичните конструкции.

Изградбата на овој тип згради особено е зголемена во одредени делови на Соединетите Американски Држави, каде што ажурирањата на Меѓународниот градежен кодекс (IBC) овозможија прогресивно зголемување на висината на овој тип објекти.

3

Со ажурирањето, секако, обезбедени се и детални упатства за проектирање и изградба, како и барања за отпорност на пожар, носивост и сеизмичка заштита.

За да ги отфрли сите сомнежи, истражувачкиот тим наречен Tallwood Project неодамна изградил зграда од десет ката од вкрстено ламелирано дрво (CLT), во рамки на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.

Имено, целата структура е поставена на т.н маса за тресење од земјотреси, која го симулирала земјотресот од Нортриџ, регион на Лос Анџелес, од 1994 година, кој имал јачина од 6,7 степени.

Веднаш потоа симулиран е земјотресот во Чичи, Тајван, кој се случил во 1999 година со јачина од 7,7 степени, а во видеото можете да видите како зградата се држела за време на тестот.

Најголем симулатор од ваков вид во светот

Со цел да се соберат конкретни податоци и да се потврди методологијата за сеизмичко проектирање на високи дрвени згради, Националната научна фондација на САД (NSF) одвоила буџет од 17 милиони долари за изградба на маса за тресење, најголемиот симулатор во светот за земјотреси на отворено.

Системот со површина од 7,6 на 12,2 метри во форма на маса за тресење е дел од мрежата на NFS Natural Hazards Engineering Research Infrastructure и има капацитет да носи и тресе структури со тежина до 2.000 тони, што е еквивалентно на вкупна тежина на 1.300 автомобили.

Овој симулатор прецизно ги репродуцира целосните 3Д движења на тлото што се случуваат за време на земјотрес, вклучително и движење во сите шест степени на слобода: надолжно, бочно, вертикално, тркалање, нагиб и скршнување.

2

Tallwood Building, проектирана од LEVER Architecture, а изведена од Timberlab, користела донирани производи од масивно дрво за да се направи структура висока 35 метри.

За време на тестирањето, дури 800 сензори собрале клучни податоци кои ќе овозможат понатамошен развој и калибрација на компјутерски модели, за да им помогнат на инженерите да проектираат слични згради во реалниот свет.

Во текот на понатамошните истражувања, горните четири ката ќе бидат демонтирани поради понатамошно тестирање фокусирано на повторна употреба на материјали кои се на крајот на животниот век.

Испрати коментар

Scroll To Top