Насловна / Архитектура / Луксузниот стан на Лионел Меси во Мајами

Луксузниот стан на Лионел Меси во Мајами

Кога сте еден од најдобрите и најбогатите фудбалери, како Лионел Меси, кога купувате нов стан, не купувате само единица – купувате цел кат.

Неодамна, Лионел Меси ја шокираше јавноста кога откри дека не се враќа во Барселона, ниту патува во Саудиска Арабија, туку се сели во Мајами, бидејќи потпиша договор со Inter Miami.

0

Меси поседува неколку луксузни недвижнини во Мајами, а самото преселување на Флорида на неговото семејство му нуди многу повеќе можности. Не знаеме кој стан ќе го избере Меси за живот со семејството, но знаеме како изгледа еден од неговите најлуксузни апартмани во Мајами. Станува збор за луксузен стан кој е купен во 2020 година за 7,3 милиони долари. Опишан како „замок на небото во најуникатната зграда во Јужна Флорида“, станот опфаќа повеќе од 500 квадратни метри простор за живеење, додека терасите зафаќаат околу 200 квадратни метри и нудат неверојатен поглед на океанот.

1

Овој стан се наоѓа во луксузната кула Regalia сместена на плажата Sunny Isles Beach, проект на бирото Arquitectonica од Мајами.

2

Зградата претставува вертикален скулпторски објект со заоблени балкони, кои со својата транспарентност го намалуваат впечатокот на маса. Проектантскиот принцип на бирото произлегува од „вода“ и „ветре“, дефинирајќи ја Флорида. Тие се суштината на океанскиот брег и исто така ја обликуваат Regalia. Сликата на зградата е интерпретативна, некои велат дека брановидните површини потсетуваат на океанските бранови, нивното движење и форма се замрзнати: ладни, но пријателски; геометриски, но меки. Други ја гледаат кулата како органска, како камен кристал обликуван од океанските ветришта, еродиран во природна форма. Како и да е водата и ветерот ја обликуваат оваа архитектура.

3

Објектот има 46 ката, 39 станбени единици, по една на секој кат и две пентхаус единици. Содржи и шест базена, спа центар, фитнес центар, игротеки, студио за јога, кујна со познати кувари, шампањ бар и вински подрум.

4

Просторот за вежбање на отворено е на 44 кат, а огромниот простор за сончање на 45. Терасите длабоки 3.5 метри што ја опкружува резиденцијата од четири страни дозволуваат светлината и воздухот да навлезат до центарот на домот.

5

Станот на Меси е на деветиот кат, има четири спални соби и пет бањи, а и ладилник за 1000 шишиња вино. Декориран е во модерен стил, со врвни материјали кои се стилски поврзани со елементи од камен и дрво.

Испрати коментар

Scroll To Top