Насловна / Архитектура / Луксузната вила на Брус Вилис

Луксузната вила на Брус Вилис

brus vilis (9)

Познатиот актер Брус Вилис неодамна купи нова и прекрасна вила во живописното место Бедфорд близу Њујорк, по цена од девет милиони долари и го остави својот бурен живот во Холивуд.
Вилис заедно со својата сопруга Ема Хеминг неколку пати бил виден во овој дел како посетува и разгледува слободни недвижни имоти.
Оваа вила се наоѓа на кратко растојание од Њујорк. Бедфорд во последно време стана многу популарно место за богатите и славните, кои сакаат да избегаат од бучавата од Њујорк или се уморни од животот во Холивуд.brus vilis (18) brus vilis (17) brus vilis (16)
Во неговото соседство се Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас, кои продале еден и купиле втор дом во овој прекрасен крај.
Брус Вилис и неговата сопруга купиле вистински бисер. Нивниот нов дом е убав и софистициран имот кој се наоѓа на 14 хектари површина и тоа на рид, со што од ова место се пружа прекрасен поглед. Нивната куќа има околу 1.000 м2 површина и убаво дизајниран ентериер со елементи од највисок квалитет. brus vilis (15) brus vilis (14) brus vilis (13)

Пространите и елегантно декорирани соби во нивната нова вила имаат огромни прозорци и високи тавани.
Иако овој имот се наоѓа речиси на периферијата на Њујорк, тоа е многу модерно. Најмодерните и луксузни аудио и видео системи, осветлувањето и безбедносните системи се исклучително важен дел од овој имот. brus vilis (12) brus vilis (11) brus vilis (10)

Меѓу другото, има и пространа винарска визба во која има доволно место за 1.500 шишиња.brus vilis (8) brus vilis (7) brus vilis (6) brus vilis (5) brus vilis (4) brus vilis (3) brus vilis (2) brus vilis

Испрати коментар

Scroll To Top