Насловна / Ентериери / Продавница целосно пресвлечена во бело

Продавница целосно пресвлечена во бело

dukan vo belo (5)

Недалеку од Париз неодамна е отворенa концепт продавница Le White, чиј ентериер во потполност одговара на самото име.
Истакнатата белина на просторот, мебелот и сите предмети во него функционираат на многу интересен начин – со самото влегување во продавницата секој посетител е воодушевен од надреалната игра на светлината.

dukan vo belo (4)

Креациите и производите на дизајнерите склони кон авангардата, како што се Maison Martin Margiela, Alice Bandini, Melissa Wago-lala и Florian Lendreau, сместени се во оваа концепт продавница.

dukan vo belo (3)

Нештата што може да се најдат во просторот се сосема различни, од уметнички илустрации, инсталации, скулптури, декоративни ситници за дома, фотографии, па до модни додатоци, накит, чанти и слично. Но, она што сите тие имаат заедничко е тоа што се направени во бело.dukan vo belo (2) dukan vo belo dukan vo belo (6)

Испрати коментар

Scroll To Top