Насловна / Градежништво / Луксузен комплекс на Заха Хадид наместо фабриката „Беко“

Луксузен комплекс на Заха Хадид наместо фабриката „Беко“

zaha hadid belgrad_2

Изградбата на комплексот од 140.000 квадратни метри под Белградската тврдина, проектиран од страна на лондонското архитектонско студио на познатата Заха Хадид, ќе почне најдоцна во 2016 година, пишува белградска „Политика“. Се работи за инвестиција вредна 280 милиони евра.
Последната пречка за изградба на комерцијално-станбениот комплекс на местото на поранешната фабрика „Беко“, во подножјето на Белградската тврдина, била поништена од пресудата на Стопанскиот апелационен суд по што на инвеститорот „Lamda development“ му припадна хектар земјиште потребно за да може во целост да отпочне изградбата на 140.000 квадратни метри.

zaha hadid belgrad_4
Така, по седум години, колку што траел спорот околу делот од градежната парцела за кој, уверувал инвеститорот, го стекнал со купување на зградата на фабриката „Беко“ во стечај за 55,8 милиони евра, проектот потпишан од страна на Заха Хадид конечно ќе почне да се гради.
Во лето следната година треба да биде завршен главниот проект на мултифункционалниот центар со површина од 3,4 хектари меѓу улиците „Тадеуш Koшќушќа“, „Дунавска“ и булеварот „Војвода Бојовиќ“.

zaha hadid belgrad_1

Испрати коментар

Scroll To Top