Насловна / Вести / Голем интерес за градење викендички на Пониква

Голем интерес за градење викендички на Пониква

ponikva kocani_2

На 17. јавно наддавање се продадени петте понудени парцели за изградба на викенд куќички во Спортско рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини. Продажбата е извршена по цена од 200 до 250 денари за метар квадратен со површина од 530 до 750 метри квадратни.

„Интересот за градба на викендички и објекти за сместување во комерцијална намена е мошне голем. Пониква е интересна за инвеститорите од сите краеви на Македонија па дури и од странство. Со општина Пробиштип правиме напори да ги урбанизираме останатите делови од рекреативниот центар Пониква и со обезбедената инфраструктура да ги понудиме за продажба“, изјави градоначалник на општина Кочани Ратко Димитровски.HPIM1279.JPG

За разлика од парцелите на Пониква, во повеќе делови на градот за продажба се понудени 16 плацови од кои се продадени седум. Сепак, велат од Општината, интересот на граѓаните за индивидуална станбена изградба во Кочани е на задоволително ниво.

Испрати коментар

Scroll To Top