Насловна / Вести / Лос Анџелес добива мрежа на улици без автомобили

Лос Анџелес добива мрежа на улици без автомобили

Официјалните лица на Лос Анџелес гласаа за имплементација на првиот Park Block, пилот проект за создавање мрежа на градски улици без автомобили за да се создаде простор за пешаци и велосипедисти.

01

Лос Анџелес 

Овој план е инспириран од програмата Суперблок во Барселона, која создава групи од девет блокови во областа Eixample и го ограничува сообраќајот на надворешните улици, ослободувајќи ги внатрешните улици за пешаци и локален транзит.

02

Барселона, областа Eixample

Спроведен во 2016 година, овој проект доведе до намалување на загадувањето на воздухот, градската бучава и смртните случаи во сообраќај во главниот град на Каталонија, а сега нешто слично се планира и во „градот на ангелите“.

Поттикнување на социјалната кохезија

Стратегијата на Барселона за ограничување на сообраќајот, локално наречена „Superilla“, резултирала и со хиерархиска промена на урбаните целини, при што новообединетите градски блокови ја поттикнуваат социјалната кохезија и ги активираат соседните јавни простори.

Во Лос Анџелес, оваа програма е планирана за имплементација во градскиот 14. округ, кој вклучува населби како што се Downtown, инаку централна деловна област на градот и квартовите Boyle Heights и Eagle Rock.

1

велосипедисти во Лос Анџелес 

Park Block Program има за цел да крира персонализирано решение прилагодено на потребите на Лос Анџелес. Според тоа, приоритетните области се избрани врз основа на оние „кои имаат најмал пристап до јавен простор, најголеми здравствени разлики, голема густина на население и желба да учествуваат во програмата“.

„Пилот проектот Park Block препознава дека ни требаат различни намени за нашите улици. Тоа е креативен начин да се користат ресурсите на нашиот град, што создава побезбедни, почисти и попријателски населби“, изјави Ели Липман, извршен директор на непрофитната организација Move LA, за NBC.

0

Лос Анџелес 

Примери од други светски метрополи

На почетокот на оваа година, властите во Лос Анџелес усвоиле план со кој се бара новите згради во границите на градот да бидат проектирани да користат целосно електрична енергија, со што градот стана втор по големина во САД кој наложи дефинитивно да се дистанцира од фосилните горива во новите градби.

04

поглед на Лос Анџелес со препознатливата силуета на Downtown

И во други делови на светот се усвојуваат закони за подобрување на квалитетот на животот на жителите, а со тоа истовремено се ублажуваат последиците од климатската криза.

Така, Франција на крајот на минатата година одобри нов закон со кој се бара големите паркинзи да бидат покриени со соларни панели, а има и слични мерки како што се климатските засолништа во Барселона и иницијативата CoolRoofs во Њујорк.

Испрати коментар

Scroll To Top