Насловна / Екологија / Љубљана – европски зелен главен град 2016

Љубљана – европски зелен главен град 2016

LJUBLJANA-CASTLE_Foto-Arne-Hodalič
Европскиот комесар за животна средина Јанез Поточник, на церемонијата во Копенхаген, ја презентираше наградата за европски зелен главен град (The European Green Capital Award) – признание кое овој пат го доби Љубљана за пораст на свеста за заштита на животната средина меѓу граѓаните, за одржлива стратегија „Vision 2015“.

Поточно, Љубљана е наградена за имплементирање на урбани зелени мерки и импресивен сообраќаен концепт и мрежа. Како граѓанин на Љубљана, Поточник изрази посебно задоволство, но истакна дека сите финалисти покажале исклучителен квалитет на живот и економски раст, како и вистински примери на почитување на природата. За оваа престижна награда конкурирале 12 градови.

Испрати коментар

Scroll To Top