Насловна / Екологија / Афлатоксинот во млекото во Србија согласно ЕУ стандардите

Афлатоксинот во млекото во Србија согласно ЕУ стандардите

milk-71
Нивото на афлатоксин во млекото во Србија од 1 јули е вратено на европскиот стандард од 0,05 микрограми по литар, јавија белградски медиуми повикувајќи се на извештај во Министерството за земјоделство и заштита на животната средина.

Со Правилникот со кој е утврдено нивото на афлатоксин во млекото, потврдено е дека се намалува за десетпати – од 0,5 на 0,05 микрограми по литар.

Владата на Србија во почетокот на 2013 година ја зголеми дозволената количина на афлатоксин во млекото за десетпати откако во есента 2012 година беше утврдено зголемено ниво на тој отров во пченката со која се хранат крави. Зголемено ниво на афлатоксин подоцна е утврдено и во млекото поради масовна исхрана на крави со несоодветна пченка.

Испрати коментар

Scroll To Top