Насловна / Вести / Лидерите на пет држави потпишаа конвенција за Каспиското море

Лидерите на пет држави потпишаа конвенција за Каспиското море

Русија, Иран, Казахстан, Туркменистан и Азербејџан потпишаа конвенција за решавање на прашања од заеднички интерес во стратешки важната и богата со енергенти област на Каспиското море.

Рускиот претседател Путин, изјавил дека конвенцијата „ги подобрува правата и одговорностите на нашите земји за судбината на Каспиското море и воспоставува јасни правила“, соопштува Кремљ. Документот јасно ги регулира граничните, навигациските и рибарските режими,  ги утврдува воено политичките интеракции на земјите и гарантира користење на Каспиското море исклучиво за мирољубиви цели. Конвенцијата отвора простор за соработка помеѓу земјите потписнички и во областа на туризмот, екологијата, зачувувањето на биодиверзитетот и сузбивање нa трговијата со наркотици.

Активностите за потпишување на конвенцијата датираат уште од 1996 година, а министрите за надворешни работи на петте држави постигнале консензус за нацртот на документот во декември 2017.

Подрачјето на Каспиското море располага со големи резерви на нафта и природен гас, а во тек с епреговори заа изградба на прекуморски гасовод за поврзување на Туркменистан и Азербејџан.

Caspian1

caspian4

Caspian2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top