Насловна / Вести / Европска Комисија: Јункеровиот план ги надмина очекувањата

Европска Комисија: Јункеровиот план ги надмина очекувањата

Европската Комисија објави дека е исполнета и надмината зацртаната цел од Инвестицискиот план за Европа, т.н Јункеров план. Според вложувањата на мобилизираните од Европскиот фонд за стратешки вложувања во однос на бруто домашниот производ, на врвот на листата се наоѓаат Грција, Естонија, Литванија и Финска. Најновата членка на Унијата, Хрватска, се наоѓа на 16-тото место.

Со поддршка и гаранции од буџетот на ЕУ и со сопствени средства на Европската Инвестициска Банка, одобрени се 898 операции, врз основа на кои се очекува задвижување на инвестиции во вредност од 335 милијарди евра во сите 28 земји членки. Со тоа е надмината првобитната цел од 315 милијарди евра вложувања, поставена во 2015 година, кога е основан Европскиот фонд за стратешки вложувања, и совладан е инвестицискиот јаз настанат како последица на економската криза. Се очекува со тоа да се подобри пристапот кон изворите на финансирање за 700.000 мали и средни претпријатија.

Европскиот совет и Европскиот парламент минатата година договорија продолжување на траењето на програмата и зголемување на капацитетите на 500 милијарди евра до крајот на 2020 година.

Во однос на обемот на економијата, најголем учинок е остварен во државите кои беа сериозно погодени со кризата: Кипар, Грција, Ирска, Италија, Португалија и Шпанија. Иако учинокот по однос на директните вложувања во тие земји е голем, прогнозите покажуваат дека кохезиските региони (главно новоприклучените источноевопски земји) веројатно ќе имаат поголема корист од долгорочните бенефити, се истакнува од Европската Комисија.

Jplan1

Jyrki Katainen

 

Испрати коментар

Scroll To Top