Насловна / Вести / Лицата со посебни потреби ќе имаат повластено возење

Лицата со посебни потреби ќе имаат повластено возење

penziiOK
Заинтересираните лица со посебни потреби може да се пријават за повластено користење на услугите на јавниот превоз најдоцна до 16 јануари, велат од Град Скопје.
Право на легитимации за повластен автобуски превоз имаат лицата со оштетен вид, слух, со телесно оштетување, со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалидите на трудот, инвалидски пензионери и воените инвалиди.

Барањата треба да ги поднесат до соодветните здруженија во кои членуваат, а оттаму, конечниот список треба да се достави до Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Град Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top