Насловна / Архитектура / 34 м² од Arquitectura G

34 м² од Arquitectura G

34m2 (4)
Ситуиран во областа El Born, во Барселона, апартманот располага со развиена височина од 4,5 м и површина од 34 м², чии функционални содржини се организирани во две соби со делумно иста димензија, поделени меѓусебно со помош на носечки ѕид. Земајќи ја  предвид поделбата на просторот, проектот за ентериерот е поделен на два сегменти:
34m2 (3)

Првиот сегмент ја опслужува кујната со неопходните елементи, како и дополнителна мобилна работна површина која има улога на шанк, помошна кујнска маса и трпезарија.

34m2 (2) 34m2 (1)

Вториот сегмент пак, одговара на задоволување на потребите за обезбедување на поголем степен на приватност. Затоа, во овој простор програмата е фрагментирана во различни висински елевации, создавајќи градација на интимност, истовремено задржувајќи ја неопходната визуелна конекција.
34m2 (5)

Така, првата површина, која опфаќа половина од целокупниот простор, е организирана како гардеробер и работна зона. На втората елевација, во четвртина од целокупната површина е сместен креветот. Со цел расчленувањето на содржините во висина да функционира беспрекорно, неминовна е организацијата на мебелот, адаптирајќи го на различни позиции во зависност од потребите, како и за задржување на врската и непосредната релација помеѓу елевациите.
34m2 (6)
34m2 (9)

Занемарувајќи ги постоечките стандарди за живеење и дефинирање на конструкцијата, секоја зона располага со потребниот размер за употреба на елементите од ентериерот и задоволување на функционалноста на содржините.
34m2 (8) 34m2 (7)

Испрати коментар

Scroll To Top