Насловна / Вести / Леонардо ДиКаприо и Ману Чао ја поддржаа борбата против малите хидроцентрали на Балканот

Леонардо ДиКаприо и Ману Чао ја поддржаа борбата против малите хидроцентрали на Балканот

Додека политичарите упорно ја игнорираат, долгогодишната борба против изградбата на малите хидроцентрали (МХЕ) во регионот добива се поголема поддршка од Европа и светот. На таа поддршка се приклучија и двајца светски уметници, но и докажани борци за заштита на животната средина, глумецот Леонардо ДиКаприо и музичарот Ману Чао, кои го поддржаа апелот за запирање на изградбата на хидроцентралите на реката Вјоса во Албанија, како и на МХЕ во Стара планина во Србија.

По концертот во Ниш, Ману Чао се состанал со активистите на иницијативата „Одбранимо реке Старе планине“, а го посетил и Топли До на Стара планина, место кое неодамна беше поприште на судири помеѓу мештаните и активистите од една страна и инвеститорот за МХЕ.

DiCaprio1

„Вакви работи сум гледал и по Јужна Америка. Луѓето секаде се борат. Некаде се работи за хидроцентрали, некаде за рудници, и сл. Добиле многу битки, бидејќи имале цел и биле сложни“ рекол музичарот.

Не така далеку од Стара планина, односно 500 километри југозападно, трае борбата против изградбата на хидроцентрали на реката Вјоса во Албанија. Неодамна во отвореното писмо до премиерот Рама, скоро 150 домшни и странски невадини организации побараа запирање на изградбата.

Dicaprio2

Познатиот глумец на својот Инстаграм профил објавил краток филм за оваа река и го цитирал текстот кој го објавила агенцијата AP.

“Ова е една од последните диви реки во Европа. Но, до кога ќе биде така? Реката Вјоса тече низ шумските предели на грчките планини, па се до албанкиот јадрански брег. Албанската влада започна проект за изградба на електрани за производство на толку потребната електрична енергија, за една од најсиромашните земји во Европа, со намера да изгради осум брани на реката“ цитирал ДиКаприо.

Dicaprio3

DiCaprio4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top