Насловна / Арт и дизајн / Лего слави 85 години Бетмен со нов Готам сет

Лего слави 85 години Бетмен со нов Готам сет

Лего и Warner Bros се здружија за да прослават 85 години од Мрачниот витез со комплет што го реконструира Готам Сити каков што сме го виделе во анимираната серија Бетмен.

1

Бетмен е и секогаш ќе биде еден од најпознатите суперхерои во светот, а оваа година цртаниот филм за бранителот на Готам Сити полни 85 години и како еден од ликовите кои инспирирале различни сетови низ историјата, Лего не можеше да го пропушти овој настан.

2

Така, во соработка со компанијата Warner Bros. Discovery Global Consumer Products претстави нов сет кој го рекреира опасниот и вознемирувачки град на Бетмен: The Animated Series, а дефинитивно љубителите на Лего ќе сакаат да го додададат во својата колекција.

3

Новиот сет е сон на секој обожавател на Мрачниот витез, како тродимензионална креација на хоризонтот на Готам како што се гледа во цртаниот филм објавен во 1992. година. Со вкупно 4.210 коцки и висина од 41,6 сантиметри, комплетот е импресивен, а вниманието на деталите навлегуваат во секој агол, додека секоја кула и зграда прецизно ги рекреираат иконичните локации од анимираната серија Бетмен.

5

Сетот исто така е полн со саканите ликови кои го населуваат Готам Сити, како што се Жената мачка, Џокер, Харли Квин и секако Бетмен. Покрај тоа, делови од сетот се отвораат и имаат интерактивни функции кои откриваат повеќе детали внатре и навистина прават да се чувствувате како еден од жителите на градот или дури и самиот суперхерој.

9

LEGO DC Batman Gotham City Skyline е дел од 85. Годишнината од 1. април 2024. На lego.com и во продавниците на Лего ширум светот.

4 8 6 7

Испрати коментар

Scroll To Top