Насловна / Арт и дизајн / Lancia го претстави новото лого и футуристичкиот дизајн „за наредните 100 години“

Lancia го претстави новото лого и футуристичкиот дизајн „за наредните 100 години“

Lancia со години беше во втор план кога станува збор за новитетите во автомобилската индустрија, а многумина прогнозираа и крај за овој бренд.  Некогаш славната марка спадна на само еден мал и застарен модел (Ypsilon), а притоа немаше никакви показатели кои би можеле да наговестат подобри времиња. Но, тогаш се појави Stellantis и Lancia остана во живот, и тоа како премиум марка која ќе произведува исклучиво електрични автомобили. Првиот чекор кон таа цел се случи неодамна – презентирање на новиот стил во дизајнот. На настанот Lancia Design Day не беа откриени дизјаните на новите модели кои ќе се лансираат ан секои две години почнувајќи од 2024 година. Притоа се мисли на моделите Ypsilon, Aurelia и Delta.

lancia1

lancia2

Откриена е скулптурата Pu+Ra Zero, која го најавува новиот дизајнерски стил. Името е комбинација од чистота (Pure) и радикален (Radical) пристап, а осмислен е од страна на Lancia Centro Stile. Промовиран е како „дизајнерски израз за наредните 100 години“.  Lancia го престави и новото лого на брендот. Како и кај конкуренцијата, трендот е јасен – поедноставување на дизајнот до самите основи. Секако, нема откажување од сината боја. Станува збор за осма верзија на логотипот во 116 години долгата историја на брендот, а прв модел кој ќе го понесе новото лого е новиот Ypsilon во 2024 година. Логото го задржува основниот облик на штит, а изработено е од алуминиум. Во средина на истакнатиот круг е името на на марката со нов фонт, а вертикалната линија е како потсетник на амблемот од 1957 година.

lancia3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top