Насловна / Архитектура / Kunsthal | Реновирање | ОМА

Kunsthal | Реновирање | ОМА

Kuntshal_OMA (5)
Дваесет и две години по реализацијата на изложбениот простор во својот роден град, архитектонското студио OMA се враќа со идеја за подобрување на енергетската ефикасност на објектот, разработка на трасите на циркулација и имплементација на нови безбедносни мерки.
Kuntshal_OMA (4)
Реновирањето на објектот ги демонстрира можностите за осовременување на структурата, истовремено одржувајќи го оригиналниот концепт на изложбениот простор како функционална „машина“.
Kuntshal_OMA (3)
Обновата  вклучува и адиција на дополнителен влез, кој обезбедува независни пристапи кон аудиториумот и галеријата.
Постоечката рецепција, ресторанот и трговските содржини се интегрирани во главната траса на објектот, со што би се оспособила можноста објектот да еволуира заедно со растечките потреби за економска независност на културните институции.
Kuntshal_OMA (2)
Изведен во 1992 година, објектот Kunsthal претставува еден од првите главни проекти на Rem Koolhaas, препознатлив по флексибилноста на своите изложбени партиции.
Kuntshal_OMA (1)

Испрати коментар

Scroll To Top