Насловна / Архитектура / Културен центар Сара – одржливо решение за иднината

Културен центар Сара – одржливо решение за иднината

СОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА СПОЕНА СО ТРАДИЦИЈА

Дизајнирана од архитектонското биро White Arkitekter, највисоката дрвена зграда во светот конечно ги отвора вратите за јавноста. „Културниот центар Сара“ се издига 75 метри над шведскиот град Скелетео (Skellefteå). Оваа градба го претставува потенцијалот на дрвото како материјал на иднината во вистинско светло. Објектот е проектиран како културен центар и хотел што позитивно придонесува за локалната заедница, додека стои како меѓународен доказ за одржлив дизајн и градба од дрво. Јаглерод-негативната зграда е една од највисоките дрвени кули во светот изградена од дрво и нов центар за креативност во Скелетео.

SARA Skellefteå, White

White Arkitekter го проектира дрвениот културен центар во прослава на историското и културното наследство на неговата локација. Пред да се модернизира центарот на градот, во него можело да се забележи богата историја на дрвена архитектура. „Сара културен центар“ го започнува заживувањето на оваа традиција. Комбинирајќи традиционални материјали со модерна технологија, архитектите користат одржливи и ефикасни градежни методи за изградба на објектот, којшто има за цел да биде негативен на јаглерод во рок од 50 години.

Panorama 1_resize

Fasada 3_resize

WHITE ARKITEKTER ЈА ПОПУЛАРИЗИРААТ УПОТРЕБАТА НА ДРВОТО

Културниот центар Сара означува важна пресвртница за архитектонското биро White Arkitekter во напорите за градење објекти кои се јаглеродно неутрални до 2030 година. Јаглерод-негативната зграда има за цел да ги прошири можните апликации и да предизвика распространет напредок на глобално ниво во користењето на дрвото како одржлив конструктивен материјал за сложени и високи згради.

Konstrukcija 1_resize

Хотелот, кој се наоѓа во повисокиот дел на објектот е изграден од префабрикувани 3Д-модули од плочи од вкрстено ламинирано дрво (Cross Laminated Timber CLT), поставени помеѓу две јадра за лифтови целосно изработени од CLT. Ова е своевидна иновација со оглед на тоа што високите дрвени згради кои беа градени претходно, конструктивно се решени со изградба на бетонски јадра за лифтовите кои служеа за конструктивна стабилност.

Fasada 3_resize

Нискиот дел на Културниот центар е конструиран со столбови и греди од лепени ламинирани носачи (Glue laminated Timber GLT) и ѕидови од плочи од CLT. Конструктивниот дизајн ја елиминираше потребата за бетон целосно од носечката конструкција, со што ја забрза изградбата и драстично го намали јаглеродниот отпечаток на зградата.

Fasada 4_resize

ЈАГЛЕДНО НЕГАТИВНА ИДНИНА

Архитектонското биро White Arkitekter го гради својот културен центар Сара целосно од материјали од локално потекло. Дрвото се добива од регионални одржливи шуми, обработени во пилана на околу 50 километри од градежната локација. Дрвената структура на културниот центар Сара заштедува повеќе од двојно емисии на јаглерод предизвикани од оперативната енергија за изградба и вградениот јаглерод од производството на градежните материјали, транспорт и изградба на терен.

SARA Skellefteå, White

Интелигентниот дизајн, заедно со револуционерниот енергетски систем развиен од компаниите Skellefteå Kraft и ABB, ја намалува потрошувачката на енергија во зградата. Соларните панели на покривот произведуваат чиста и обновлива енергија која, во комбинација со дрвената конструкција, ги компензира емисиите на СО2 произведени од функционирањето на објектот. Објектот е дизајниран да има животен век од најмалку 100 години и ќе го достигне предвиденото ниво за јаглеродна негативност во рок од 50 години.

Enterier 1_resize

Enterier 2_resize

Роберт Шмиц и Оскар Норелиус, водечки архитекти на Архитектонското биро White Arkitekter коментираат: „Конструктивните материјали од дрво се појавија како едни од најодржливите решенија за градежни објекти познати денес.

SARA Skellefteå, White

Enterier 4_resize

Согледувајќи ја целосната дрвена конструкција на комплексната зграда, различната употреба, различната волуметрија и високата катност од 20 ката, културниот центар Сара ја проширува примената на дрвото како констуктивен материјал и докажува дека дрвото е одржливо решение практично за секој тип на градба. Се надеваме дека овој проект ќе им помогне на другите во нашата колективна транзиција кон неутралност на јаглеродот“.

SARA Skellefteå, White

Enterier 7_resize

SARA Skellefteå, White

SARA Skellefteå, White

SARA Skellefteå, White

SARA Skellefteå, White

Fasada 1_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top