Насловна / Вести / Есенски цвеќиња кои заслужуваат место во вашиот дом

Есенски цвеќиња кои заслужуваат место во вашиот дом

Растенијата и цвеќињата се додаток во нашиот дом, кој не би требало да изостане, бидејќи имаат начин да дадат боја и „живот“ и овој факт ги прави составен дел од декорацијата на нашите лични простори.

А бидејќи дојде есен и наскоро ни претстојат поладни денови, ова се најубавите есенски цвеќиња кои заслужуваат место во вашиот дом.

Хризантема

хр_resize

Хризантемата е вистински предвесник на есента. Има карактеристични цветови и во Јапонија е позната како „цвеќе на среќата.“ Постојат рани сорти кои цветаат во септември, додека доцните цветаат во ноември. Ниските сорти на хризантеми со поголеми цветови се садат во мали саксии, додека високите издржливи хризантеми, кои имаат многу мали цветови, се садат во градина.

Камен цвет (Aмарилис)

ама_resize

Дефинитивно е прекрасен цвет кој не го гледаме толку често, поради што се смета за посебен. Достапен е во различни бои, а најпознати се белата и црвената верзија. Добрата вест – на овој цвет му треба минимално наводнување – доволно е еднаш неделно. Добро е да го поставите на место со доволно природна светлина, на пример пред прозорец.

Каранфили

kara_resize

Уште еден вид на цвеќе што не би можело да недостасува на оваа листа. Каранфилите цветаат од рана пролет до ноември, а можат да дадат префинет карактер каде и да ги поставите. Боите кои можете да ги изберете варираат: бела, жолта, розова, портокалова итн.

Далија

дал_resize

Без сомнение, Далија е прекрасен цвет кој може да стане украс на вашиот дом. Импресивните цветови имаат дијаметар од 20-30 см и растат на долги стебла. Има голема разновидност во однос на нивната боја, па можете да ја изберете онаа која одговара на вашиот простор. Совршен додаток за масичка за кафе, кујна или дури и за вашата ноќна маса.

Невен

neven_resize

Невенот, по потекло од Мексико, нуди прекрасни жолти и портокалови цветови, кои се истакнуваат со својата мала големина. Цвет кој е и лековит е идеален додаток за дополнителна боја во вашиот дом, кој ќе создаде и врвна есенска естетика. Уште еден цвет кој не бара многу грижа, освен минимално наводнување – еднаш или двапати неделно.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top