Насловна / Архитектура / Зграда од Жан Нувел во Кипар во која вегетацијата буи од перфорирани отвори

Зграда од Жан Нувел во Кипар во која вегетацијата буи од перфорирани отвори

Француското ателје на славниот архитект Жан Нувел, дизајнира кула во Никозија со перфорирана бела фасада која е украсена со бујно зеленило.

Tower 25 е новоизградена станбено-деловна зграда, и со висина од 67 метри е една од највисоките згради во главниот град на Кипар.

kula na nuvel vo kipar_14

Сепак, она што го прави овој објект посебен е богатата вегетација, која се чини дека буи низ отворите на фасадата. Отворите, спротивно на стандардните решенија, се направени како мали квадратни отвори, навидум случајно распоредени по фасадата.kula na nuvel vo kipar_01

Ултрамодерната кула, всушност не изгледа толку нападно благодарение на зеленилото, коешто визуелно го припитомува.

kula na nuvel vo kipar_02

Перфорираната фасада е направена на источната и западната фасада, додека јужната, воедно и најпријатната, е страна направена со низа балкони по целата ширина на зградата. Природниот брисолеј, во текот на летните месеци го штити објектот од прегревање обезбедувајќи ја потребната ладовина, а во текот на зимата овозможува пробив на сонце и светлина во просториите.kula na nuvel vo kipar_03

Зградата има 18 ката плус три подземни за гаража. Првите два ката се за продавници, други шест ката се деловен простор, а останатите се резервирани за станови, пишува Dezeen.kula na nuvel vo kipar_04

Кулата во Никозија има и панорамски лифт кој е видлив на источната страна.kula na nuvel vo kipar_05 kula na nuvel vo kipar_06 kula na nuvel vo kipar_07 kula na nuvel vo kipar_08 kula na nuvel vo kipar_09 kula na nuvel vo kipar_10 kula na nuvel vo kipar_11 kula na nuvel vo kipar_12 kula na nuvel vo kipar_13 kula na nuvel vo kipar_15

Испрати коментар

Scroll To Top