Насловна / Архитектура / Кула низ која поминува пат

Кула низ која поминува пат

Новооткриениот „Vanke Headquarter Tower“ e уште еден вонсериски потфат на холандското архитектонско биро MVRDV. Објектот со различни намени на просторите ќе достига висна од 250 метри и ќе „премостува“ пат во Шенџен во Кина.

1
Проектот „Vanke Headquarter Tower“ (се нарекува уште и „Vanke 3D City“) победи на архитектонски конкурс и настанал делумно и затоа што компанијата која инвестира во недвижности Vanke Group сакала зграда за своето ново седиште во Шенџен која не би обезбедувала само деловен простор за себе, туку и канцеларии за други, како и продавници, ресторани, хотел и јавен простор.

2
Покрај тоа, она што истот така имало влијание на проектирањето е и локацијата, која е малку незгодна и составена од две парцели раздвоени со пат. Како одговор на овој предизвик, MVRDV предложиле зграда составена од блокови кои ги поврзуваат двете парцели и премостуваат патот.
„Vanke 3D City“ може да се смета за нов тип облакодер“, вели Winy Maas, директор и коосновач на MVRDV. „Со сложување на комплексни ентитети едни над други, кои иницијално се предложени за две одвоени парцели, два поединечни дела на „Vanke Headquarter Tower“ зградата, претворени се во „Vanke City“. Така обичните згради се претворени во една необична и извонредна“.

3
Базата на „Vanke Headquarter Tower“ ќе се простира на повеќе нивоа во рамки на кои ќе се наоѓа јавен простор кој ќе вклучува и пат со плоштади, зелени простори и шеталишта во ладовина, како би се „побегнало“ од шенџенската тропска горештина. Просторот 24 часа дневно ќе биде отворен за јавност и ќе вклучува и ресторани и продавници.

4
Над ова ќе се простира површина од 167.000 квадратни метри која ќе опфаќа деловни простории и хотел, плус додатни отворени зелени простори и зелени кровови. MVRDV исто така планира да вгарди системи за собирање дождовница и рециклажа, а исто така ветува и фасада со високи перформанси.

5
Во овој проект вклучена е и фирмата за проектирање и инженеринг Arup. Припремните работи се во тек на самата локација. Се очекува изградбата да почне кон средината на 2019 година, но сеуште нема информации за очекуваниот датум на завршување на работите.

6

Испрати коментар

Scroll To Top