Насловна / Архитектура / Кула инспирирана од грчката божица на победата

Кула инспирирана од грчката божица на победата

кула со ника од самотраке_4
Спектакуларната архитектонска, сега само визија, инспирирана од грчката божица Ника е потпишана од страна на рускиот архитект Василиј Кљукин. Ексцентричниот милијардер познат како успешен бизнисмен, исто така, е архитект чии визии ги надминуваат стандардните рамки.

кула со ника од самотраке_3

Имено, овој Русин замислил архитектонско решение за една станбена кула. Инспирацијата ја пронашол во една од најпознатите историски скулптури, мермерната Ника од Самотраке („Крилестата Победа“), која сега ја чуваат на почесното место на главните скалила на музејот Лувр во Париз.кула со ника од самотраке_2

Овa оригиналнo архитектонско решение е замислено да стои веднаш до брегот за да погледот од сите страни на високата кула биде во согласност со оригиналното потекло на скулптурата – во чест на големата победа во морската битка. Како што авторот објаснува: „Кулите во изградбата најчесто се натпреваруваат во височини, а јас сакав овој пат да се натпреварувам во убавина и форма“.кула со ника од самотраке_1

Испрати коментар

Scroll To Top