Соларен лаптоп

SOL_Black-Mamba2.87-copy2
Компанијата „WeWi Telecommunications Inc.“ својот соларен лаптоп „Sol“ го претстави во средината на минатата година, а неодамна веќе го пушти во продажба. Овој лаптоп поседува четири соларни панели, а доволно е полнење од два часа за непрекината работа во следните 8-10 часа.

Лаптопот е наменет првенствено за подрачјата во кои нема електрична енергија, а идејата ја добил основачот на компанијата пред неколку години додека престојувал во Гана, кога немал можност да го користи својот компјутер. Цената на основната верзија на овој лаптоп е околу 260 евра.

Испрати коментар

Scroll To Top