Насловна / Архитектура / Кула Белград со потпис на Skidmore, Owings & Merrill

Кула Белград со потпис на Skidmore, Owings & Merrill

„Издигнувајќи се над Белград, во близина на устието на Сава и Дунав, 42-ката Кула Белград ќе ја катализира регенерацијата на речниот брегот и ќе додаде иконично обележје на хоризонтот, симболизирајќи го глобалниот раст на српската престолнина“, вели бирото Skidmore, Owings & Merrill (ЅОМ), автор на проектот.

1_resize

4_resize

ОБЈЕКТ СО ПОТПИС

Највисоката зграда во Србија се гради според проектот на познатото архитектонско биро SOM (Skidmore, Owings & Merrill LLP), кое потпиша и познати светски згради како што се Burj Khalifa во Дубаи или One World Trade Center на местото на срушените кули близначки во Њујорк, додека разработката на проектот е на американската компанија AECOM.

0000_resize

Кулата е во рамки на проектот „Белград на вода“, висока е 168 метри со површина 50.000 квадратни метри, а работите се во завршна фаза. Работите на фасадата во која се огледуваат реките и панорамата на Белград, завршени се со поставување на специјална „ѕид завеса“ на кровот, со што објектот доби „круна“ и заокрижена е препознатливата извиена силуета со потпис на ЅОМ.

л_resize

БРЕНДИРАНИ ЛУКСИЗНИ СТАНОВИ

Marriott International го препозна објектот како идеална адреса за првите брендирани луксизни станови The Residences at The St. Regis во Европа. Ова претставува концепт на брендирани луксузни станови, станува збор за недвижности кои ги подразбираат сите предности на хотелскиот бренд чиво име го носат. На сопствениците на становите на распоолагање им се услуги на хотелот како concierge сервис, базен, спа центар и спортски содржини, како и прочуените батлери St. Regis.

5_resize

„Во кулата ќе биде сместен хотел St. Regis со пет ѕвезди и 220 брендирани станбени единици. Транспарентното предворје им пружа на станарите и посетителите поглед на реките и околината. Резиденциите, кои вклучуваат 220 експанзивни дуплекс единици, и хотелот, со 120 соби, ќе бидат дизајнирани според строги стандарди со остри, чисти завршетоци од месинг и камен“, велат архитектите од ЅОМ.

0_resize

Во Кулата Белград, првите 11 ката се предвидени за хотелот The St. Regis Belgrade, додека од 14. до 39. кат се простираат луксузните станови. На 12. кат предвидено е дупло ниво заедно со 13. каде се сместени техничкие простории.

њ_resize

ПТИЦИТЕ НА ПРВО МЕСТО

Фасадата на Кула Белград е составена од речиси 14.000 стаклени и други панели, а до деветтиот кат вградено е специфично birds first стакло со линии видливи само за птиците, кои им помагаат да не се „судираат“ со зградата. Стаклата се и спектрално селективни, односно максимално пропуштаат светлина, а ја намалуваат загубата на енергија. Четири кранови на извлекување, со тежина од над 30 тони, ќе го забрзаат циклусот на чистење на фасадата на околу 55 работни денови.

љ_resize

ЗАКРИВЕНО СТАКЛО И ОСУМ КИЛОМЕТРИ ЛЕД СВЕТЛА

Комплетниот фасаден систем специјално е проектиран и произведен за оваа зграда, имајќи предвид дека кулата постигнува ротација од 90 степени низ само 10 ката. Поради специфичната и сложена геометрија на објектот, не можело да се применат некои од готовите типски системи. Тоа е особено изразено во делот каде што се „извиткува“, па таму е закривено фасадното стакло. Ротираната силуета симболично го претставува блиското устие на Сава и Дунав и на зградата и дава впечаток на флуидност.

00_resize

Кулата Белград е специфична и по современата технологија поставена на фасадата. Благодарение на медиа фасадата, на почетокот на годината на Кула Белград со специјално осмислени содржини беа одбележани значајни датуми и настани, а на ваков начин ќе се одбележуваат и во иднина. Должината на LED светилките што ја сочинуваат медиа фасадата е повеќе од осум километри, а светилките се енергетски ефикасни и исклучително долготрајни.

n_resize

НОВА ГРАДСКА АТРАКЦИЈА

Покрај станарите и гостите на хотелот, во Кула Белград ќе можат да уживаат и сите граѓани и туристи. За само 25 секунди ќе може да се стигнете до ресторанот и видиковецот на 41-от кат, од каде што може да се ужива во незаборавен поглед од 360 степени на целиот град, реките и знаменитостите како што се белградската тврдина, Храмот Свети Сава или кулата Авала. Модерно дизајнираното плато – Кула Плаза – во подножјето на објектот ќе биде ново место за градските настани и најважните културни и уметнички настани. Третина од платото ќе биде во зеленило, што ќе направи совршено место за одмор заштитено од сонцето во текот на денот, а ќе биде специјално осветлено во текот на ноќта, создавајќи специфична атмосфера.

DCIM102MEDIADJI_0076.JPG

2_resize

3_resize

DCIM102MEDIADJI_0390.JPG

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top