Насловна / Архитектура / Куќа во Турција, простор на благосостојба за умот, телото и душата

Куќа во Турција, простор на благосостојба за умот, телото и душата

Основната идеја што стои зад објектот наречен Reed House – подигнат во 2022 година во турскиот град Никеја според проект на бирото Kamil Taner Architecture & Interiors – била да се создаде простор на благосостојба за умот, телото и душата.

2_resize

Простор од 317 квадратни метри во кој, според авторите, станарите можат да живеат со леснотија, љубов, радост и среќа. Место каде што можат да ги полнат батериите и да се подмладат далеку од енергичното секојдневие, место каде што се чувствуваат како дома.

1_resize

За да го постигнат ова, турските архитекти поминале три месеци со своите клиенти за подобро да го разберат нивниот начин на живот, филозофија, соништа, желби и мотивација.

„Искуството што сакаа да го доживеат и емоциите што сакаа да ги живеат ни беа најважни. Предизвикот беше да ги идентификуваме и разбереме чувствата на нашите клиенти и да ги претвориме во куќа. Во архитектурата постои еден стар принцип од Луис Саливан, а тоа е формата и функцијата“, објаснија авторите за ArchDaily.

3_resize

10_resize

Како што поедноставуваат од турското биро, тоа значи директен однос помеѓу структурата на и нејзиното продолжување како функција.

„Нам овој принцип стар повеќе од 100 години повеќе не ни е доволен. Веруваме дека треба да биде формата, функцијата и чувството. Секоја форма и секоја функција предизвикува чувство кај нас самите“, велат авторите.

15_resize

Напоменуваат и дека секоја зграда, хотел, ресторан, кафуле, автомобил, велосипед, софа, маса, стол… што ги гледаме се претвора во чувство кое ни кажува дали ни се допаѓа или не, дали се возбудуваме или досадуваме, дали сме заинтересирани или рамнодушни итн.

„Веруваме дека поголемиот дел од нашата работа буди вистински чувства“, заклучуваат архитектите од Kamil Taner Architecture & Interiors.

4_resize

Кога станува збор за проектот Reed House, авторите се фокусирале на бришење на бариерите помеѓу екстериерот и ентериерот, а сакале и свеж воздух да циркулира внатре во куќата.

„За да го направиме тоа, почнавме да ја проектираме куќата одвнатре и продолживме кон надвор, а количината и големината на прозорците беа главниот проблем за циркулација на воздухот“, наведуваат авторите.

6_resize

Така прво тргнале со внатрешниот простор, големината на спалната, дневната соба, трпезаријата, бањата, локацијата на прозорците и нивниот меѓусебен однос со околината.

Секој простор, напоменуваат архитектите, морал да има јасен поглед на надворешноста, така што тоа што ќе го видат кога ќе погледнат надвор е подеднакво важно.

5_resize

Додека го проектирале ентериерот, турските архитекти истовремено го комплетирале дизајнот на пејзажот за да обезбедат подобро доживување при гледањето од домот.

„Го проектиравме секој детал, кујна, бањи, кревети, врати, маси, софи, клуб маси, гардероби, камин, ормани, осветлување и сите нејзини функции и форми“, објаснуваат авторите.

9_resize

Последниот дел бил пректирање на формата на куќата, а за тоа им била потребна сенка – за живот на отворено и за одржување на куќата ладна во топлите летни денови.

Авторите, исто така, сакале да создадат надворешно обликување кое дава смирувачко чувство.

11_resize

„За големите отворени простори користевме челични конструкции и дрво, што исто така ја забрза изградбата. Сите овие дизајни се одраз на нашите клиенти и заедно ги изразуваат емоциите и искуствата што сакаат да ги живеат“, велат на крајот Kamil Taner Architecture & Interiors.

14_resize

7_resize

12_resize

13_resize 8_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top