Red Sea Global (RSG) е инвеститорот кој стои зад дестинацијата на регенеративниот туризам The Red Sea и AMAALA. Овде се пречекани и фудбалската икона Кристијано Роналдо и Георгина Родригез како сопственици на Nujuma, резиденција во Ritz-Carlton Reserve. Куќите се дел од колекцијата на ултра-луксузни брендирани куќи на The Red Sea Residences во еден од најексклузивните островски одморалишта во светот.

Сместен на речиси 26 километри од копното на Саудиска Арабија и достапен само со изнајмен брод или хидроавион, Nujuma, дел од Ritz-Carlton Reserve, нуди ниво на изолација што малку дестинации во светот можат да го достигнат. Со само 19 ултра-приватни вили сместени на недопрен бел песок и опкружени со кристално чиста вода, одморалиштето и резиденциите комбинираат дизајн од светска класа со услуга по мерка во недопрена природна средина.

„The Red Sea е навистина извонредно место“, вели Кристијано Роналдо, кој во мометов игра во Ал-Наср, фудбалски клуб од Саудиска Арабија. „Од моментот кога првпат го посетивме, Георгина и јас почувствувавме поврзаност со островот и неговата природна убавина – тоа е место каде што се чувствуваме мирно. Сега кога тука имаме дом, можеме да уживаме во квалитетно време со семејството во целосна приватност и спокојство кога и да посакаме.“
Во светот има само осум Ritz-Carlton Reserve, а брендот го става своето име само покрај најспектакуларните објекти. Сместен на Црвеното Море, пионерска дестинација за регенеративен туризам, Nujuma се наоѓа на една од најуникатните локации во светот. Со умерена температура, Црвеното Море е дестинација во која може да се ужива во текот на целата година.

Nujuma, Ritz-Carlton Reserve проект на Foster + Partners, се одликува со импресивна архитектура инспирирана од школки и елегантен ентериер изработен од природни материјали исполнети со смирувачки морски и песочни тонови. Геометриски шари што потсетуваат на дизајнерските мотиви на регионот, арапски артефакти, традиционална керамика, ткаени саудиски теписи со шари и замрсени ѕидни облоги што ја слават локалната занаетчиска уметност се протегаат низ ентериерите со балдахини. Уредувањето на околината со автохтони растенија ги врамува патеките помеѓу павилјонските простори и вилите.

Роналдо и Родригез ја посетиле дестинацијата на Црвеното Море во бројни наврати откако се отвориле првите одморалишта во 2023 година. Нивното младо семејство ужива во многуте авантуристички искуства што се нудат и на копно и во вода, а ги воодушевила извонредната убавина на дестинацијата, што ги инспирирало да одлучат да купат таму дом.
Купиле две вили во Nujuma: една со три спални соби, за да уживаат со целото семејство, и една со две спални соби за поинтимни одмори. Тие беа меѓу првите купувачи, привлечени од приватноста на островот и прекрасната природна околина, и сега истражуваат понатамошни можности за сопственост во рамките на дестинацијата.

„Воодушевени сме што можеме да им посакме добредојде на Кристијано и Георгина во заедницата Red Sea Residences. Нивната одлука тука да поседуваат недвижност ја одразува привлечноста на дестинацијата кај оние кои бараат авантура со приватност, луксуз со природа. Со нетрпение очекуваме да им помогнеме да откријат сè што нуди Црвеното Море“, рече Џон Пагано, извршен директор на групацијата Red Sea Global.

Секоја резиденција го следи нејзиниот пристап за одговорен развој. И дестинациите Red Sea Global и AMAALA се напојуваат со 100% обновлива енергија, вклучувајќи ги и резиденциите. Дополнително на ова, дестинациите одат подалеку од одржливоста за да имаат регенеративно влијание врз животната средина. До 2040 година, RSG планира да постигне 30% нето корист за зачувување на локалните екосистеми. Ова ќе се постигне со подобрување на биолошки разновидните станишта како што се мангровите, морската трева, коралите и вегетацијата на брегот, промовирајќи ја биолошката разновидност, а истовремено придонесувајќи за секвестрација на јаглеродот.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија