Насловна / Арт и дизајн / Креветот Boomerang е едноставен, но генијален дизајн

Креветот Boomerang е едноставен, но генијален дизајн

Спалната соба е наше приватно кралство, а креветот е неговата круна. Сите ја знаеме важноста и потребата од одличен кревет. Еден теаков е креветот Boomerang, кој е мошне функционален, а неговата убавина е во неговата едноставност.

4

Дизајниран од Teixeira Design Studio, креветот Boomerang е уште една иновативна креација на португалскиот дизајнер Жоао Тешеира. Од ноќна маса дизајнирана со одвоено лежиште за лаптоп до тенка полица која изгледа како отворена книга која ве поттикнува да читате, креациите на талентираниот дизајнер се едноставни, функционални, но за разлика од кое било друго парче што сте го виделе Boomerang се труди да биде повеќе од само кревет.

Жоао Тешеира трансформирал едноставен кревет во мала дневна соба со помош на интегрирана маса.

9

Интегрираната маса може да се смета за ѕвезда на ова парче мебел. Исто како и нејзиното име, оваа згодна маса „доаѓа и си оди“. Со едноставно поместување на масата или менување на нејзината позиција, прилагодливата маса може да игра различни улоги и да извршува повеќе функции. Можете да ја преместите масата од едниот на другиот крај на креветот. Ако ја поставите на работ, може да функционира како обична маса каде што можете да го ставите вашиот лаптоп. Или можете да ја привлечете поблиску до себе, да ја претворите во послужавник за кревет и да појадувате на нејзе секое утро, а може да биде и држач за ТВ. Едноставната работна маса може да се преуреди за толку многу намени, овозможувајќи ви да правите речиси сè во вашиот кревет – од јадење до работа.

6

2

Заглавието на креветот е тапацирано, така што е прилично удобно за одмор додека јадете или работите на вашиот лаптоп. Тешеира интегрирал заоблени линии во креветот, давајќи ѝ на површината прилично елегантна и софистицирана текстура, па дури и оставајќи впечаток на лебдечки кревет од одредени агли.

8

Дизајнерот вели: „Изгледот за скриено складирање е отфрлен за да се избегне заситен и тежок дизајн. Наместо тоа, се одлучив за отворен простор за складирање на дното на креветот, кој функционира како елегантна полица за чевли или дури и како место за одмор за вашето домашно милениче“.

Креветот Boomerang е едноставен, но генијален дизајн кој може добро да функционира за помали и компактни домови. Тоа е дизајн на мебел кој задоволува повеќе потреби додека зафаќа минимален простор.

5

7

1

3

Испрати коментар

Scroll To Top