Креирање на оптички илузии во градината
Насловна / Вести / Креирање на оптички илузии во градината

Креирање на оптички илузии во градината

Декоративните треви претставуваат големо семејство на убави трајни растенија кои додаваат текстура, боја и движење во градината. Со своите бои и форми му даваат разновиден изглед на просторот. Комбинирањето на декоративните треви може да му даде природен изглед на вашиот пејзаж. Тие се повеќегодишни растенија, кои се доста едноставни за одржување. Некои од нив доколку се насадат на поголем простор може да бидат инвазивни, па затоа се користат за озеленување на поголеми површини. Во случај површината каде што се насадени, да е лимитирана, потребно е повремено да се прави контролирање на нивното ширење. Постојат треви за влажна или сува почва, како и сончеви и засенчени експозиции. Многу од нив се идеални за уредување на отворен простор или на тематски градини (каменести градини, медитерански градини и сл.).

1111

Каскадните тревести растенија создаваат илузија на водопад, особено кога се поставуваат на врвот на ѕидовите, каде што со нивното полегнување може да се долови одличен ефект. Во изборот на видови погодни за постигнување на ваков ефект може да се искористат видови како Dichondra argentea, Nolina texana, Rosmarinus officinalis Prostratus и сл. Освен декоративни треви за постигнување на водопад може да се користат и некои сукулентни растенија како Senecio rowleyanus, Senecio radicans или Sedum morganianum.

4444

Декоративните треви може да се искористат за да се создаде ефект на водено бранување. Ова е особено изразено за време на ветровити периоди и месторастења. Сите сме го осетиле ефектот на големите затревени пространства покрај железничките пруги, каде што ветерот создава специфична игра со растенијата. За ниски бранувања најдобро е да се насадат видови од родот Carex spp. За постигнување на повпечатлив ефект најдобро е да се користат повисоки декоративни треви како што се Muhlenbergia dumosa, Eragrostis spectabilis или Muhlenbergia capillaris. Поради нивната виталност декоративните треви можат да се искористат за постигнување на ефекти со смирувачко дејство како што е бранувањето. Тие може да се комбинираат со поголеми растенија или едноставно да претставуваат фокус на градината.

Ornamental Grass Seed For Sale | Lorenz's Ok Seeds, Llc fo

Декоративните треви може да се користат и за создавање на ефект на фонтана. Овој ефект може да се долови со засадување на повисоки декоративни треви во високи саксии или на отворен простор. Во вториот случај со добра имагинација може да се формира ефект на фонтана во сува градина. Засадени поединечно или во групации растенијата како оние од родот Pennisetum spp. може да создадат одличен ефект. Освен тие за постигнување на ефект на фонтана може да се користат и Sporobolus heterolepis или Molinia spp.

22222

Со садење на одредени декоративни треви во групации на поголеми површини може да се создаде ефект на отворено водено пространство или имитација на одреден водотек. Во овој случај се комбинираат растенијата со природен камен во различни гранулации за да се оформи коритото на водотекот, а тревите се садат по неговото течение. За постигнување на вакви ефекти се користат некои видови со сино-зелена боја кои се ниски по раст како што се некои видови од родовите Festuca spp, Carex spp, Stachys byzantina или Stemodia lanata.

44421

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top