Насловна / Вести / Крај на една ера – потрошени и последните залихи на бензинот со олово

Крај на една ера – потрошени и последните залихи на бензинот со олово

Откако во јули се потрошија и последните залихи во светот од бензинот кој содржи олово, означен е крајот на неговото користење. Тоа е соопштено од страна на Програмата за живота средина на Обединетите Нации (UNEP). Кампањата на ОН за запирање на користењето на бензин со супстанцата која претставува голема опасност по здравјето на луѓето и по животната средина, траеше цели 19 години. Алжир, последната земја во која се точеше вакво гориво, ги потроши последните залихи во јули. Во соопштението на UNEP се наведува дека прекинот на употребата на оловниот бензин после еден век, означува „голема пресвртница“.

petrol1

petrol3

 

„Оловното гориво накратко ги илустрира сите видови грешки кои човештвото ги правеше на сите нивоа на нашите општества“, изјавила Ингер Андерсон, извршна директорка на UNEP. Тие грешки, според нејзините зборови, довеле до климатските промени, загадувањето и загубата на биодиверзитетот, но глобалниот одговор на оловото во горивата укажува на тоа дека „човештвото може да учи на своите грешки и да ги поправа“. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес, изјавил дека ова е резултат на повеќедеценискиот напор на светот за ослободување од оловото во бензинот. „Ова постигнување ќе спречи повеќе од еден милион предвремени смртни случаи годишно, и ќе ги заштити децата од изложеноста на олово“. Токсичноста на оловото е препознаена уште во римско време. Сепак, оловото почнува да се додава во бензинот во дваесетите години од минатиот век, со цел да се обезбеди поголема моќост на возилата. Оттогаш се користел во сите „бензинци“ глобално, се до седумдесетите години на минатиот век кога побогатите земји започнаа со негово исфрлање од употреба. Прва која го сторила тоа била Јапонија во 1972 година.

After nearly a century, the end of leaded petrol

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top