Насловна / Вести / Крагуевац воведува известување по телефон за измените на просторните планови

Крагуевац воведува известување по телефон за измените на просторните планови

Граѓаните кои ги интересира што ќе се гради во нивната околина не можат да добијат ваква информација, бидејќи не им е достапен Централниот регистар на плански документи. Често се менуваат и просторно-урбанистичките планови, најмногу во корист на градителот, па граѓаните понекогаш не можат да го видат проектот пред изградбата. Со цел да се промени оваа практика, во Крагуевац, Србија пуштена е во употреба дигитална платформа „Биди дел од планот“ преку која корисниците ќе бидат во реално време известувани за промените на планските документи.

1

Жителите на Крагуевац во иднина, наместо на шалтер, на измените во плановите ќе можат да реагираат преку Интернет.

„Потребно е да ги донесат своите основни податоци, име и презиме, за да го изберат начинот на кој ќе го добијат известувањето, дали тоа е преку СМС-порака, Viber апликација или преку електронска пошта. И треба да ја внесат катастарската општина како и парцелата за која се заинтересирани“, вели раководителот на Управата за развој и инвестиции во Крагуевац.

Официјалните лица велат дека платформата „Биди дел од планот“, по Крагуевац, може да се прошири и на другите градови.

2

Во тек е преземањето на Централниот регистар на плански документи од Републичкиот геодетски завод, кој за неколку месеци повторно ќе биде достапен за граѓаните.

Следниот чекор е воспоставување на платформата на единствениот национален систем e-Простор, кој целосно ќе биде завршен во 2026 година.

Ѓорѓе Милиќ, директор на Агенцијата за просторно планирање и урбанизам, вели дека е-Простор ќе им овозможи на граѓаните да имаат навремено информирање, преку интернет, како корисници на е-Управа и потоа граѓаните и сите заинтересирани ќе можат да ја преземат улогата на инспекцискиот надзор.

„Доколку навремено видат дека се прави нешто на некоја површина што не е во согласност со планот, знаат што не е во ред со планското решение и навремено да интервенираат“, вели Милиќ.

Платформата е-Простор треба да спречи граѓаните да дознаат за некоја градба од медиумите тогаш кога ќе почнат работите, кога ќе истече рокот за приговори и кога инвеститорите веќе добиле градежни дозволи.

Затоа Агенцијата за просторно планирање ќе им овозможи на граѓаните да имаат јавен увид на планскиот документ еден месец, како на републичко, така и на локално ниво.

Испрати коментар

Scroll To Top