Насловна / Вести / ОН ја усвоија првата глобална резолуција за вештачката интелигенција

ОН ја усвоија првата глобална резолуција за вештачката интелигенција

Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН), ја усвои првата глобална резолуција за вештачката интелигенција (AI), со цел да ја поттикне заштитата на личните податоци, надзорот врз AI и заштитата на човековите права. Во оваа необврзувачка резолуција, која е предложена од страна на САД, а поддржана е од 122 земји, се преговарало три месеци. Резолуцијата е последна во низата иницијативи кои ги превземаат владите ширум светот со цел да го обликуваат развојот на вештачката интелигенција, поради стравот таа да биде злоупотребена за попречување на демократските процеси, измами или да доведе до драматично губење на работни места.

1_42

„Несоодветниот или злонамерен дизајн, развој, имплементација и користење на системите за вештачка интелигенција, претставуваат ризици кои би можеле да ја поткопаат заштитата, унапредувањето и уживањето на човековите права и темелните слободи“, се вели во резолуцијата.

1_43

 

Испрати коментар

Scroll To Top