Насловна / Вести / Ковид – 19 овозможи пешачкиот премин на „Еби роуд“ на „Битлси“ да се освежи

Ковид – 19 овозможи пешачкиот премин на „Еби роуд“ на „Битлси“ да се освежи

Една од најпознатите улици на светот, „Еби роуд“, и пешачкиот премин овековечен на истоимениот албум на „Битлси“, неочекувано, благодарение на празните лондонски улици, доби можност за генерално средување.

EBI

Албумот „Еби роуд“, поради големи трошоци и брзање обвивката ја добил така што, членовите на „ливерпулската четворка“ излегле пред студиото и направиле неколку фотографии на пешачки премин.

Така оваа лондонска улица станала позната и магнет кој веќе 50 години привлекува туристи. Поради епидемијата на коронавирусот, улицата останала не само без туристи, туку и без локалното население, па така на комуналните служби им се пружила идеална шанса, прочуениот пешачки премина да го освежат со нов слој на боја.

Инаку, овој пешачки премин на улицата „Еби роуд“ во 2010. година во Велика Британија добил статус на заштитено културно наследство и така влегол во ранг со познати градби и споменици.

EBI1

„Овој лондонски пешачки премин ниту е дворец, ниту катедрала, но благодарение на ‘Битлси’ и нивната фотографија снимена едно августовско утро 1969. година, доби подеднакво голема важност како било који друг културно-историски споменик од нашето наследство“, изјавил Џон Пенроуз, тогашен министер за туризам и наследство, обраќајќи се на новинарите пред десет години.

„Еби роуд“ – улицата, но и истоименото студио во кое е снимен албумот на „Битлси“, се наоѓа на листата на споменици од втора категорија, заедно со градските ѕидини, библиотеката на Универзитетот во Кембриџ и Галеријата Тејт. Тоа значи, дека било какви поправки или измени мора да бидат одобрени од надлежната локална управа. Колку овој пешачки премин исполнува критериуми и може да биде во иста категорија со останатото наследство или се е во добро продавање на приказната, проценете сами.

EBI2 EBI3 EBI4

Испрати коментар

Scroll To Top