Насловна / Архитектура / Кореја гради нискобуџетни куќи за загрозените семејства

Кореја гради нискобуџетни куќи за загрозените семејства

Архитектонското студио JYA-rchitects, со локација во Сеул, користејќи евтини материјали обезбедува ефективни архитектонски решенија, кои на пазарот ги нуди по најниска цена. Локацијата на овие нискобуџетни куќи се наоѓа во јужните делови на Кореја. Преку овој проект архитектите гледаат можност да ги подобрат своите вештини и истовремено да им помогнат на луѓето што претходно ги изгубиле своите домови.

куќа-1

куќа-2

куќа-6

Секоја од овие куќи покажува различно решение на проблемите поврзани со градењето со мал буџет. Архитектите развија стандардизиран процес кој им помага да се фокусираат на еден од најголемите проблеми во денешницата. Процесот на проектирање се базира на детектирање на проблемот и пронаоѓање на соодветно решение за него, а тоа претставува и главен предизвик и единствен пристап кој се обидуваат да го одржат.

куќа-3

куќа-4

куќа-5

Досега се проектирани вкупно четири куќи за четири семејства, а за нивна изработка се користени евтини материјали како што се брановиден лим, пластични материјали, евтино дрво и различни префабрикувани материјали.

куќа-7

куќа-8

куќа-9

куќа-11

куќа-12

куќа-14

куќа-15

 

Испрати коментар

Scroll To Top