Насловна / Вести / Конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика

Конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика

logo(1)

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распиша јавен повик за истражувачки проект од областа на ликовната критика во Македонија.

Повикот ќе резултира со избор на предлог за истражувачки проект, за што ќе биде доделена и награда во висина од 30.000 денари и за која ќе одлучува тричлено стручно жири.

Наградата, соопштија од Здружението, има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста кај нас.

Конкурсот е отворен за проекти кои ликовната критика ќе ја препознаат како практична дисциплина која теориски ја интерпретира тековната уметничка продукција и иницира нејзина артикулација во контекст на современите уметнички продукции.

Право за учество имаат историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија (освен членовите на УО на АИКА Македонија). Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија или пак странски државјани кои живеат и работат на територијата на државата повеќе од една година.

Конкурсот е отворен од 17 до 1 мај. Резултатите од проектот и истражувањето ќе бидат преведени на англиски јазик и ќе бидат објавени на веб порталот на АИКА Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top