Насловна / Вести / Конзервација и санација на потпорниот ѕид околу споменичниот комплекс „Илинден“

Конзервација и санација на потпорниот ѕид околу споменичниот комплекс „Илинден“

unnamed_3

Со поддршка од Министерството за култура, продолжуваат активностите за конзервација и санација на потпорниот ѕид на споменичниот комплекс „Илинден“, еден од најзначајните споменици на културата посветени на борците од НОБ и на Илинденското востание …
Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп до крајот на октомври треба да го реализираат проектот за санација на потпорниот ѕид околу споменичниот комплекс, кој со децении бил препуштен на деструктивни промени предизвикани од свлечиштето на теренот, но и од уништување од човечки фактор.

За таа цел, во изминатиот период беше извршена дренажа по целата должина на ѕидот со што се спречи неговото понатамошно уривање. По извршената дренажа, стручните екипи пристапија кон санација и изградба на ѕидот.
Реализацијата на проектот ќе овозможи заштита на споменичната целина и нема да се наруши визурата кон споменикот „Илинден“.
Споменикот „Илинден“ е дело на македонскиот скулптор Јордан Грабулоски и архитектката и уметница Искра Грабулоска. Отворен е на 2 август 1974 година, по повод 30–годишнината од заседанието на АСНОМ.

unnamed

Испрати коментар

Scroll To Top