Насловна / Архитектура / Контрастни кули

Контрастни кули

Архитектонската компанија Morphosis, проектираше  15 катна кула со мешовита намена во Лос Анџелес. Аголната бела конструкција ја претставува првата кула „поддржана“ од втората стаклена кула прекриена со билки. Тие две заедно ја образуваат повеќекатницата 8850 Sunset, во рамките на која ќе се наоѓаат станбени единици, кондоминиуми, конференциски простор, луксузен хотел и малопродажни објекти. Ќе биде лоциран и реконструираниот Viper Room, култниот ноќен клуб основан од глумците Johnny Depp и Sal Jenco во 1993 година. Проектот опфаќа два волумени од стакло со површина од 22.203m². Едната кула е прекриена со зеленило, додека другата има бела облога. Двокатната база која содржи малопродажни објекти ќе ги поврзува двете конструкции.

Thom Mayne, основачот на  Morphosis вели дека целта на овој проект е да го одржува духот на тоа што претсавува Sunset Boulevard  како дестинација, со настојување Лос Анџелес да биде позелен, поодржлив и фокусиран на пешаците, а не на автомобилите. Во рамките на источната кула со балконите исполнети со растенија, ќе се наоѓаат апартмани, додека западната е резервирана за хотелот. Небесниот мост кој се протега од врвот на хотелот, ќе им пружа на гостите и станарите пристап кон базенот, просторот за одржување на различни видови настани, ресторанот и барот.

Morphosis има во план добивање на LEED сертификат за овој објект. Затоа, освен изобилството од зеленило, ќе бидат поставени стакла со високи перформанси со цел намалување на потрошувачката на енергија. Просторот внатре во зградата ќе користи природна вентилација. На овој потфат,  Morphosis соработува со локалниот инвеститор за недвижности Silver Creek Commercial Development. Изградбата на 8850 Sunset треба да започне во 2021 година.  Компанијата, која Mayne ја основал во 1972, има свои канцеларии во Лос Анџелес, Њујорк, Шангај и Сеул.

sunset2

sunset3

sunset4

Испрати коментар

Scroll To Top