Насловна / Вести / Конкурс за проектни идеи за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Конкурс за проектни идеи за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

komora na mal biznis

Организаторот Стопанска комора на мал бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК ги повикува заинтересираните да учествуваат на Конкурс за проектни идеи за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Конкурсот за проектни идеи за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се организира како поддршка на проектот EUREMplus на Intelligent Energy Europe во Македонија, координиран од Индустриската стопанска комора на Нинберг.
Пријавување на проектните идеи се врши до 23 јуни 2014 година со пополнување на пријава. Проектни идеи можат да пријават регистрирани стопански субјекти – претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост каде постои реална можност за реализација на предложените проекти.
Презентацијата на проектните идеи ќе се реализира во програмата на „Македонскиот енергетски ден 2014“, кој како настан од EUSEW 2014 (European Sustainable Energy Week 23-27 June 2014 www.sustenergy.org ) ќе се организира во Скопје на 27 јуни 2014 година.
За најдобрите проектни идеи ќе бидат изработени проектни концепти (проектни решенија) во рамките на проектот EUREMplus. Изработувачите на најдобрите проектни решенија ќе бидат поканети за учество на претстојната шеста Меѓународна конференција на европски енергетски менаџери во Прага, Чешка.

Испрати коментар

Scroll To Top