Насловна / Вести / Боемската улица ќе биде завршена до средината на јули

Боемската улица ќе биде завршена до средината на јули

boemska ulica

Улицата „Ѓорѓи Пешков“, која е во фаза на реконструкција и треба да стане боемска улица, се очекува да биде завршена до средината на јули, информираат од општина Центар.
Во наредните две недели, на местото на исечените стари дрвја, ќе бидат засадени 20 платани високи до 6 метри, со развиено стебло и крошна. На улицата веќе се наѕира платото на кое ќе биде поставена урбана опрема и канделабри.
За реконструкција, партерно уредување и осветлување на „Ѓорѓи Пешков“ е задолжена фирмата „Изградба-комерц“ од Скопје, а општината за изведбата ќе плати 457 илјади евра.
Улицата и тротоарите ќе се украсат со коцки од природен камен во неколку бои и димензии. Kако што велат општинските власти, ова е само почеток на реализацијата на идејата на градоначалникот Андреј Жерновски, во Дебар Маало да се врати стариот боемски сјај.

Испрати коментар

Scroll To Top