Насловна / Вести / Конкурс за објектот „Езерце“ во Градскиот парк

Конкурс за објектот „Езерце“ во Градскиот парк

konkurs za ezerce
Општина Центар распиша конкурс за изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за објектот „Езерце“ во Градскиот парк.

Жири комисија ќе ги избере најдобрите идејни решенија, на кои ќе им додели прва, втора и трета награда, а ќе бидат откупени и уште пет труда. По завршувањето на постапката, граѓаните ќе можат да ги видат сите пристигнати конкурсни трудови, на изложба која ќе ја организира општина Центар.

„Сегашната грда слика од руинираниот простор во Градскиот парк, ќе ја снема и ќе ја замени убаво уреден хортикултурен простор. Со изградбата на новиот ресторан  – Езерце, скопјани и сите добронамерници ќе добијат повторно култно место за дружење и уживање“, велат од општина Центар.

Испрати коментар

Scroll To Top