Насловна / Вести / Конференција „Зелена енергетска транзиција“

Конференција „Зелена енергетска транзиција“

Во соработка со Стопанската комора на Србија и уште неколку други партнери, се организира конфренција под името „Зелена енергетска транзиција“. Кoнференцијата ќе се одржи на 19-ти април 2024 година во просториите на Стопанската комора на Србија. Настанот се организира со цел зајакнување на дијалогот помеѓу бизнис асоцијациите и Стопанската комора на тема спроведување на зелена енергетска транзиција. Врз основа на предлозите на членките, дефинирани се темите кои ќе бидат претставени на конференцијата.

1_84

CBAM – Carbon Border Adjustment Mechanism– Како механизмот за намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина (GHG) ќе влијае врз економијата? Клучни прашања, обврски и рокови во текот на транзицискиот период.

Учество на комерцијалните купувачи на пазарот на електрична енергија  – Зајакнување на капацитетите на комерцијалните купувачи со цел нивно успешно учество на берза и купување на електрична енергија по берзански цени. Елаборација нa можностите за учество, бенефитите и функционирањето на берзата.

Испрати коментар

Scroll To Top