Насловна / Архитектура / Конференција за старите влашки семејства, европската и староградската архитектура во Македонија

Конференција за старите влашки семејства, европската и староградската архитектура во Македонија

Организацијата за развој, заштита и промоција на урбанизмот, архитектурата и културното наследство УРБ-АРХ – Скопје, и Здружението „Интегра Нау“, на 20 септември 2025 година, сабота, со почеток во 12.00 часот, во Галерија „Метаноја“ во центарот на Скопје, ќе ја отворат Меѓународната конференција „Придонесот на Власите во европското архитектонско наследство“.

Конференцијата има за цел да го афирмира и промовира богатото културно наследство на влашката заедница во Македонија и во поширокиот балкански контекст.

Посебен акцент ќе биде ставен на архитектонските и урбанистичките карактеристики кои се врзани со Власите, како и на нивниот значаен придонес во создавањето и зачувувањето на културниот мозаик на регионот.

Во рамките на конференцијата ќе бидат претставени повеќе стручни и научни реферати, кои ќе ја информираат пошироката јавност за значајните архитектонски споменици изградени или финансирани од Власите во различни историски периоди. На тој начин ќе се нагласи улогата на влашката заедница во развојот на европското архитектонско наследство и нивното влијание врз културниот идентитет на државите во кои живеат.

Со оваа конференција се отвора простор за дијалог, научна размена и поширока афирмација на темата која долго време останува недоволно истражена, но има значајна вредност за разбирањето на архитектонската и културната историја на Балканот и Европа.”

Испрати коментар

Scroll To Top