Насловна / Архитектура / Концертна сала во Русија по проект на Zaha Hadid Architects

Концертна сала во Русија по проект на Zaha Hadid Architects

Zaha Hadid Architects е победник на натпреварот за  Sverdlovsk Philharmonic Concert Hall во Екатеринбург во Русија.  Проектиран како нов дом на Уралската филхармонија, просторот ќе содржи 1600 седишта во голема сала, и уште 400 места во малата сала. Двете концертни сали ќе се наоѓаат под челична конструкција која инспирација за формата има во звучните бранови. Објектот ќе ги спојува зградите со зелените површини во рамките на блокот. Од терасите на покривот, ќе се пружа поглед на целиот град.

Русија има големо влијание врз креативната работа на компанијата Zaha Hadid Architects. Од почетокот на својата кариера Заха Хадид била привлечена од руската авангарда и ги замислувала градските простори како урбани кондензатори кои ја катализираат јавната сфера на активности со цел збогатување на креативноста и заедништвото. Овие принципи се вградени во проектот Sverdlovsk Philharmonic Concert Hall. Единствениот резиденцијален објект кој го проектирала Хадид се наоѓа токму во Русија. Компанијата Zaha Hadid Architects во моментот работи на проект за зградата на технолошкиот парк во близина на Москва.

ZHA1

ZHA2

ZHA3

ZHA4

ZHA5

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top