Насловна / Вести / Конаците на Трескавец ќе се обновуваат во фази

Конаците на Трескавец ќе се обновуваат во фази

Pozar manastir
Денеска се наврши една година од катастрофалниот пожар во манастирскиот комплекс „Успение на пресвета Богородица“ – Трескавец кај Прилеп, кога во попладневните часови до темел изгореа манастирските конаци.

На денешната прес-конференција во локалната самоуправа беше соопштено дека комплексот ќе се гради фаза по фаза. Проектот за негова обнова се доработува, а изградбата ќе чини 77.432.000 денари, вели директорката на Прилепскиот завод и музеј, Гордана Данилоска Спироска.

- Се доработуваат некои делови на проектот за што поавтентичен изглед на манастирските конаци. Станува збор за површина од 1.400 метри квадратни. Откако ќе се доработи, последниот збор го има Националниот конзерваторски центар од Скопје за потоа да се распише тендерот за изведувач. Според пресметките обновата ќе чини 77. 432.000 денари, вели Данилоска Спироска.

Се очекува работите за обнова на конаците да почнат со новата градежна сезона, a да завршат за околу две години.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top