Насловна / Вести / Градска марина во Охрид?

Градска марина во Охрид?

gradska marina vo ohrid_resize
Долго најавуваната изградба на градска марина најверојатно конечно ќе се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески ги разреши сите дилеми околу тоа дали има или нема пари за нејзина изградба. „За марината или за реконструкција на пристаништето што сакаме да ја изведеме заедно со Министерството за транспорт и врски издвоени се еден милион евра од буџетот на министерството“, рече Бакрачески.

Моментално се работи на изработка на идејното решение после што ќе се објави оглас за изработка на главниот проект за изградба на градската марина. Бакрачески вели дека подготвителните работи се во завршна фаза. Марината ќе биде лоцирана на просторот помеѓу двете градски пристаништа.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top